НАПАД ВО ФРАНКФУРТ: Маж фрли солзавец меѓу патниците
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Повеќе луѓе се повредени во напад на аеродромот во Франкфурт.
Од Итната помош велат дека најмалку 6 луѓе се повредени откако е фрлен солзавец.
Најверојатно се работи за концентриран солзавец кој е фрлен околу 11 часот, а повредените имаат проблеми со дишење.
Мотивите за нападот не се познати. Соопштено е дека 37 годишно лице е уапсено откако на полицијата се заканувало со бомбашки напад.