НАПАД ВО НИЦА: Маж пукал во минувачите
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
Непознато лице пукало во минувачите кај пристаништето во францускиот град Ница.
Полицијата го обиколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми. Во нападот немало жртви ниту повредени.
Во друг дел на градот човек се забарикадирал во куќа, и тој инцидент се истражува.
Во јули 2016 година Ница беше цел на тежок терористички напад, во кој беа убиени 86 лица, а над 460 луѓе беа ранети.