НАПАД ВО ТУЛУЗ: Викал „Алах Акбар“ и ранил луѓе
Објавено во: Свет 14 Септември, 2017
Седум лица со нож се нападнати во францускиот град Тулуз, од напаѓач кој наводно извикувал „Алаху акбар“.
Човекот, за кого се верува дека е во своите рани 40-ти години, извикал „Алаху акбар“ пред да почне да ги напаѓа минувачите.
Полицијата веднаш е известена за овој инцидент. Тројца полицајци го уапсиле напаѓачот кој избол и полицајци во нозете и рамената.
„Разговаравме кога тој се нафрли на нас. Најпрвин го фати мојот син, а потоа ја тепаше мојата ќерка. Тогаш почнавме да трчаме“- вели еден од нападнатите.
Двајца од повредените се задржани во болница со полесни повреди, додека останатите се пуштени на домашно лекување.