Нападната сопругата на еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2017
К.Б. сопруга на Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО ДПМНЕ, попладнево околу 16.30 часот, додека возела на потегот од Народна банка кон стоковна куќа Мост била нападната.
Додека К.Б. возела неколку пати била „нападната“ од друго возило кое се обидувало да предизвика сообраќајка. Машко лице со возило „шкода суперб“ со затемнети црни стакла е пријавено во полициската станица Карпош за обид за предизвикување сообраќајна несреќа. Од полицијата соопштуваат дека напаѓачот веќе е идентификуван.