Напаѓачот од Велес бара Иванов да ги амнестира луѓето кои упаднаа во Собрание
Објавено во: Македонија 30 Април, 2017
Едно од лицата кои упаднаа во Собранието, и тепаа пратеници бара амнестија од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Станува збор за Горан Ангелов од Велес, кој се фотографирал со пратеникот Илија Димовски.
„Граѓанска иницијатива до претседателот на РМ Ѓорге Иванов! Претседателе, ние народот на Р.Македонија, бараме да ги амнестирате и ослободите од сите судски прогони сите патриотски и родољубиви граѓани кои влегоа во Собранието да го спречат државниот удар и растурањето на сопствената татковина Македонија.
Вашиот народ“ - напиша Горан Ангелов на својот Фејсбук профил.
За нередите од четвртокот против 15 лица се поднесени кривични пријави, а 5 се уапсени.