25 Април, 2024
0.0461

Напаѓачот од Истанбул - државјанин на Киргистан

Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Напаѓачот на клубот „Реина" е 28-годишниот Ахе Машрапов. 

Правосудните органи во Турција го утврдиле идентитетот на осомничениот за извршување на терористичкиот чин во ноќниот клуб „Реина" во Истанбул на новогодишната ноќ.

Напаѓачот е 28-годишниот државјанин на Киргистан. Фотографија од неговиот пасош е прикажана во етерот на турскиот државен тв канал TRT World.

Медиумите тврдат дека мажот влегол во Турција во ноември 2016 година, заедно со својата жена и дете. Тројцата биле пред тоа во Сирија.

Адресата им е регистрирана во градот Коња, токму таму е откриена сопругата на бегалецот обвинет за нападот и е уапсена.

Сторителот на атентатот е на слобода и турските власти продолжуваат да го бараат.

Безбедносни експерти сметаат дека напаѓачот од Истанбул е професионален убиец од високо ниво, пренесоа американските медиуми.

Цитиран е експертот во сферата на борбата против тероризмот, Абдулах Агара, кој истакна дека со своите постапки напаѓачот докажал дека е убиец и дека порано веќе пукал против луѓе.

Напаѓачот дејствува решително, ладнокрвно и знае како да ја постигне својата цел. Тој најверојатно пукал во зоните на конфликти, вели Агара.

Во социјалните мрежи се појави видео на кое напаѓачот во клубот си прави селфи на плоштадот Таксим во Истанбул.

Жртви на терористичкиот чин во клуб „Реина" се 39 лица, од кои 25 странци. Повредени се десетици при нападот. 

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група „Исламска држава".



Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)