Напаѓачот од Истанбул е од Централна Азија?
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2017
Турските власти сметаат дека атентаторот може да е од Централна Азија, пренесе Франс прес, повикувајќи се на турскиот весник „Хуриет".
Без да цитира извор, весникот тврди дека напаѓачот од клубот „Реина", по кој уште се трага, е осомничен за врски со ИД и дека може да е Киргизстанец или Узбекистанец.
Тој облечен како Дедо Мраз влезе во клубот и уби 39 луѓе. Меѓу жртвите и повредените во нападот има многу странци. 25 од жртвите се странски државјани, дополнуваат американските медиуми. Меѓу нив има граѓани на Русија, Франција, Саудиска Арабија, Тунис, Либан, Јордан, Либија, Индија и Израел, потсети денеска ТАСС. Меѓу повредените има и една Бугарка.