Напаѓачот од Истанбул имал брутален план - што го спречило?
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2017
Абдулгадир Машарипов, напаѓачот од Истанбул имал кобен план.
Узбекистанецот Абдулгадир Машарипов кој уби 39 луѓе во Истанбул за новогодишната ноќ во последен момент ја сменил целта на нападот. Првичната локација бил плоштадот Таксим, но поради зголеменото полициско обезбедување, се премислил.
Машарипов бил обучуван во Авганистан и зборува четири јазици. Одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“, нагласувајќи дека е одмазда за турската воена интервенција во Сирија.
Признал дека наредбите ги добивал директно од Сирија, но дека првиот план бил многу поразличен од тој што го извел на крајот. Терористот рекол дека наредбата од Рака гласела да го нападне плоштадот Таксим.„Добив наредба да пронајдам нова мета. Седнав во такси во околу 22 часот, и се возев по брегот на Босфор. Го видов клубот Реина и веднаш знаев дека не е лоша мета. Обезбедувањето беше многу слабо"- рекол тој.
Потрагата по него траеше со недели.