Напаѓачот од Истанбул учествувал и во нападот на аеродромот Ататурк?
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2017
Од турската државна Национална разузнавачка организација (МИТ), сметаат дека е можно напаѓачот кој за време на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул уби 39 лица, да е дел од групата на ИД што изврши напад врз аеродромот „Ататурк“ на 28 јули лани.
Тогаш настрадаа 45 луѓе. „Хуриет дејли њуз“ јави дека МИТ на 19 декември примила разузнавачки податоци за тоа дека постои можност „Исламската држава“ да изврши напад за време на новогодишната ноќ, како и дека била изедена операција во периодот од 28 до 31 декември, во која се приведени 63 лица осомничени за поврзаност со ИД. Според информациите што ги добила МИТ, ИД планирала да постави бомби, да изврши напади со бомбаши-самоубијци или вооружени напаѓачи врз ноќни клубови.
Планирале да нападнат во Анкара, Истанбул,
како и во јужните турски покраини Адана,
Анталија и Мерсин.