НАПАЃАЛ ЖЕНИ: Кој е терористот од Финска?
Објавено во: Свет 20 Август, 2017
Мароканскиот мигрант кој завчера со нож нападна минувачи во градот Турку, во Финска бил одбиен за азил.
Тој пристигнал во Финска во 2016 година, живеел во Турку, во бегалски центар. Има само 18 години. Експертите сметаат дека цел на напаѓачот биле жени затоа што две од нив се убиени, а други 6 се ранети. Во нападот се повредени двајца мажи, кои според истрагата се обиделе да го запрат момчето или им помагале на ранетите.
Едната од жртвите починала на лице место, а другата на патот кон болницата. Во една болниците се наоѓаат 8 повредени, а 3 се во животна опасност.
Загинатите се фински државјани, а меѓу повредените има еден Италијанец и двајца Швеѓани.
Полицијата прво сметаше дека се работи за убиство, но потоа чинот го третираше како тероризам.
Деновиве напади имаше во Шпанија, Германија, и Русија.