НАПЛИВ НА МИГРАНТИ ВО ГРЦИЈА: Kамповите преполни
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2017
Наплив на мигранти има во Грција. Се побрзао е темпото со кое мигрантите пристигнуваат во Грција.
Oва го објави агенцијата за бегалци на ОН, така што прифатните кампови на островите се преполни.
„Агенцијата за бегалци на ОН е многу загрижена поради влошувањето на ситуацијата на островите во источниот дел на Егејското море“- соопшти УНХЦР.
Бројот на бегалци, кој драстично се зголеми минатиот месец дополнително ги оптерети веќе преполните прифатни кампови во кои се обидуваме, со големи напори, да ги подобриме условите, велат тие. На островите Лезбос, Самос, Хиос и Лерос константно пристигнуваат голем број бегалци, главно од Сирија и Ирак, а меѓу нив има и голем број деца.