24 Април, 2024
0.0268

НАПРАВЕТЕ БИЗНИС ВО СТРАНСТВО: Еве како и каде е најдобро да регистрирате фирма!

Објавено во: Финансии 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Бројни претприемачи, речиси од ИТ секторот, во последно време отвораат фирми во странство или размислуваат за таков чекор.

За тоа постојат бројни причини. Некои на регистрација се одлучуваат поради подобар даночен третман, што на нивниот бизнис им донесува финансиска заштеда, а тоа секако не е единствена причина.

Ирска

Ирска е една од најдинамичните економии на Европската унија. Стотина илјди работници од источна Европа се отселиле во таа земја во потрага за подобар живот, а нивниот успех не се случува случајно.

Имаат многу поволни услови за бизнис, конкурентни даноци и ефикасна администрација, па многумина претприемачи од различни страни на светот токму таа земја ја избрале како место на кое ќе покренат бизнис.


Што се однесува до процедурата за основање на фирма во Ирска, таа е прилично брза и едноставна. Фирмата која е пандан на нашето д.о.о може да ја основате за неколку дена.

Процедурата е можно да се направи онлајн, основачки капитал не е задолжителен, а трошоците изнесуваат околу 150 евра.

Фирмите се регистрираат во Канцеларија за регистрација на компании (Companies Registration Office) која на своите страници ги има сите потребни формулари, а можно е да се предадат и онлајн па регистрацијата завршува по максимум три дена. После тоа е потребно да им се пријавите на даночните власти, што е речиси за еден ден.

Естонија


Интересна дестинација би можела да биде и Естонија. Оваа земја од истокот на Европа најмногу постигнала во поглед на јакнење на онлајн администрациите па се, освен отворање на банкарска сметка, може да се изврши преку компјутер и без посредник.

Естонија овозможила електронско престојување  (E-residency) кое може да го побараат сите полнолетни граѓани, без разлика на тоа каде престојуваат. Со електронското престојување личноста не станува државјанин на Естонија ниту станувате нивен даночен обврзник, но со него можете многу едноставно да отворите фирма.

За добивање на електронски престој потребно е да пополните онлајн пријава, да пратите скен на лични документи и фотографии и да уплатите такса од 100 евра. После тоа, за максимум еден месец, ќе бидете информирани за тоа дека можете да го подигнете својот естонски идентификационен документ. Тој може да се добие во амбасадите и конзулатите во Естонија, или на граница од полиција.

Словенија

Словенија би можела да биде интересна поради добрата бизнис клима, ефикасна администрација и правосудство како и поради географската близина. Иако за основање на д.о.о е потребно да имате капитал од 7 500 евра процедурата е целосно бесплатна. Нема никакви надоместоци и слично.

Личноста која основа претпријатија во Словенија прво мора да добие даночен број кој го издава даночната управа.

Регистрацијата се обавува во  "VEM точка", каде се предава основачкиот акт и уште неколку одлуки и изјава. После тоа, во банка е потребно да се отвори привремена сметка и да се уплати основачкиот капитал. Трговскиот суд за максимално недела дена ја запишува фирмата во регистар а потоа во банка се менува привремена сметка во бизнис и се е подготвено за почеток на работа. Данок на добивка во Словенија изнесува 17 отсто.

Велика Британија

Основање на фирма во Велика Британија најлсено е да се направи преку специјализиран агент или пресметководствен сервис кој воедно може да ви понуди и своја адреса како седиште за фирмата.

Основни податоци кои им е потребно да им ги доставите се: име на идната компанија, адреса на седиштето и име и адреса на директорот и акционерите.

Државната такса за основање на фирма изнесува околу 15 фунти, а цената на услуги на агент или сервис кој ќе ви ја направи регистрацијата се движи од 50 па до неколку стотина фунти. Повеќето агенции нудат услуги на онлајн регистрирање па се е можно да се направи по пат на нивната интернет страница. Процедурата е готова за неколку часа.

За разлика од регистрацијата на фирмата кое е можно да го направите преку интернет, отворање на бизнис сметка во банка е посложен процес.

Потребно е лично да дојдете во банка, а во неа може да ви ги бараат следните податоци: профил на директор и акционер како и детални податоци за нивните вештини, квалификации и искуства.

Може да бараат и детали за бизнис планот на претпријатието, односно добри причини зошто таа работи на територија на Велика Бротанија. Данокот на добивка во Велика Британија изнесува 20 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА