Прават музичка фонтана, чини скапо, но ќе изгледа добро
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2016
Белград ќе ја добие првата музичка фонтана и тоа на плоштадот Славија, кој сега се реконструира.
По пет месеци градот ќе добие музичка фонтана, која ќе биде најголема, ќе има пречник на водоскоци до 32 метри и ќе чини 1.800.000 евра.
Градскиот менаџер Горан Весиќ вели дека многу градови имаат вакви фонтани и Белград треба да го следи тој пример, но има разбирање дека во 1000 луѓе има 1000 различни мислења. Вели кој не сака, не мора да ја слуша музиката од фонтаната.
Плоштадот се реконструира уште во времето на старата власт, но од Сообраќајниот факултет во Белград има критики дека е изберено најлошото решение.