29 Март, 2024
0.1830

Нарачките се намалија, паѓа производството

Објавено во: Економија 11 Јули, 2012

Добивај вести на Viber

- Особено загрижува воведувањето на часовното балансирање, кое, според нашите проценки, ќе предизвика огромни загуби во работењето. Практично ќе плаќаме нешто што не сме го потрошиле - истакна Никола Ризов од „ФЕНИ Индустри“. Часовното балансирање на потрошувачката на електрична енергија дополнително ќе ја влоши состојбата во металуршкиот сектор, драстично ќе ги зголеми трошоците и тоа до 12 милиони евра на годишно ниво, реагира денеска Здружението на црната и обоената металургија. Претставниците од оваа гранка на прес-конференцијата во Стопанската комора предупредија дека сè повеќе се чувствуваат последиците од економската криза. Побарувачката продолжува да опаѓа  заради што производството е намалено, а можни се и отпуштања на дел од вработените. Излез ќе се бара, рекоа, во дефинирањето краткорочни системски мерки на седница идниот понеделник. - Ќе мора да се интервенира во цената на струјата како најголем производствен инпут. Но, особено загрижува воведувањето на часовното балансирање, кое, според нашите проценки, ќе предизвика огромни загуби во работењето. Практично ќе плаќаме нешто што не сме го потрошиле - истакна Никола Ризов од „ФЕНИ Индустри“. Компаниите од црната и обоената металургија ќе бараат и одложување на завршните рокови за воведување на еколошките стандарди, како и 30 отсто од 100-те милиони евра што ги одобри Европската инвестициска банка. Според нив, преземањето системски мерки за намалување на неповолните движења се подеднакво значајни на микро и на макро план. - Како резултат на должничката криза во Европа производството на основни метали во првите пет месеци годинава бележи намалување за 8,6 отсто во однос на истиот период лани. Само во април, намалувањето на физичкиот обем на производството е 19 проценти, а во мај било 11,5 отсто, рече Стојмирка Тасевска од Стопанската комора. Со оглед на тѕоа што во металургијата доминира производството на полупроизводи, делови и додатоци наменети за извоз, овој сектор, додаде Тасевска, е под силно влијание на случувањата на странскиот пазар. Предвидувањата на Здружението се дека надворешната побарувачка до крајот на годинава ќе се намали за 50 проценти. На седницата закажана за идниот понеделник, кога конкретно ќе се согледаат состојбите и ќе се дефинираат мерки за нивно надминување, се поканети и владини претставници.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат