29 Март, 2024
0.0255

Наскоро безжичен мp3 плеер кој се вградува во ушите, а се контролира со забите

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

На пат се новите безжични слушалки со вграден mp3 плеер – „Split“. Се уште во фаза на прототип, тие се дизајнирани со мемориски капацитет од 256 мегабајти, а ги контролирате со едноставен загриз со вилицата. Двете магнетни слушалки се вклучуваат веднаш штом ги раздвоите. Тие се всушност два mp3 плеера што ја свират вашата музика во исто време, а се синхронизирани преку радио бранови. Гризнете еднаш, и вградениот акцелерометар и дава наредба на направата да прејде на наредната песна. Гризнете 2 пати по ред за да ја контролирате јачината на звукот. Ако џвакате мастика или планирате да јадете, само допрете ја десната слушалка и ќе го заклучите плеерот. Малиот капацитет од 24 песни не е многу од помош при долгите патувања, но е перфектен при џогирање и вежбање. Плеерот се плни со USB кабел, но креаторите работат на тоа да овозможат полнење и снимање на песни во исто време.