23 Април, 2024
0.1338

Наставничкиот пленум бара да се расчисти со режимските директори

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Наставничкиот пленум со реакција:Потребно е итно и суштинско решение за проблемите во средните училишта

Не стивнуваат реакциите кај просветните работници за притисоците во скопските средни училишта од страна на дел од директорите. Од Наставничкиот пленум реагираат  на изјавата на градоначалникот Петре Шилегов под чии ингеренции се средните училишта, а според него промената на некој од градската адиминистрација не е работа на лична перцепција или по ќеиф на градоначалникот. Во писмената  реакцијата велат дека како луѓе со достоинство и интегритет ,а особено со големо акумулирано знаење чувствуваат  потреба и должност да проговорат  отворено за проблемите

“Ова писмо коешто ние го поддржуваме го гледаме не само како повик за кршење на закони, туку како силен крик на изразено незадоволство за неспроведување на истите. Да ве потсетиме, сите овие режимски директори се соучесници и поддржувачи и  извршители  на предходната диктаторска власт. Спроведуваа самоволно, тиранско владеење во училишните средини. На неподобните им ги одземаа правата на работа,  се правдаа  со некакви законски регуларности и носеа свои партиски послушници како замена.Ваквото режимско однесување  кое го почувствуваа и најранливите, учениците,ги крши, ги гази човековите права како значаен сегмент на демократско и цивилизирано општество.Затоа ве поттикнуваме длабоко да навлезете во решавање на суштината на проблемот”-порачуваат од Наставничкиот пленум.

Отвореното  писмо кое неодамна го адресираа  до градоначалникот  на град Скопје, Петре Шилегов велат беше за да се расчисти со партиските кадри и да се направат системски промени.

Во меѓувреме скопскиот градоначалник беше дециден дека  мора да бидат исполнети законските услови за промена на било кој раководител или директор на институција што  подразбира  поднесување оставка, истек на мандатот, констатирање неправилности во работењето од страна на Државниот просветен инспекторат или по предлог на училишниот совет. Скопскиот градоначалник додаде и дека  не е директно запознаен со проблемите, како што тврдеа наставниците во отвореното писмo. Претходно од неговиот кабинет најавија дека ќе ги преиспитаат обвинувањата на сметка на директорите, а во случајот се активираше и Државниот просветен инспекторат. Засега се уште нема официјални информации  што констатирале службите по дојавите дека во неколку скопски училишта се делат откази  поради партиско-политички мотиви. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ТОКСИКОЛОГИЈА: Вработен вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина и уште оди на работа

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето

ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето