24 Април, 2024
0.0272

Наташа Котлар: Договорот со Бугарија не е симетричен, историјата ќе го има последниот збор

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По ратификувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија не се стишуваат реакциите на македонските историчари кои ќе треба да се вклучат во подоцнежните процеси на формирање на заеднички комисии. Во овие комисии ќе се разгледуваат различми прашања меѓу двете земји од историско значење, ќе има дебата и врз база на разгледување на докази и факти ќе треба да се носат заклучоци со тоа што комисиите ќе рапортираат пред владите еднаш годишно. Прашањето е кои македонски историчари ќе прифатат вакво нешто со оглед на тоа што многумина досега јавно го критикуваа договорот. Професорката Наташа Котлар која е и претседател на Здружението на историчари на Македонија посочува дека договорот е асиметричен и не ги исполнува сите барања на македонската страна.

Фактор: Која е вашата оценка за Договорот за добрососедство со Бугарија и особено делот за заедничка прослава на празници, историски личности и настани. Има ли простор за одредени теми да се наречат заедничка историја меѓу Македонија и Бугарија?

Котлар: Целата работа од почеток е поставена на криви темели, ако се работи за политички процеси треба да се решаваат со политичка содржина, тактика и стратегија. Ако се работи за научни моменти тогаш ние како научници и институции меѓу кои Институт за историја, Институт за фолклор, МАНУ, Институтот за македонски јазик и Институтот за македонска литература сите од стратешки интерес на Република Македонија по својот статут, треба да дискутираат со своите колеги еквиваленти од Бугарија, но бидејќи се почна од кровот, а не од дното мислам дека овој договор нема да однесе таму кај што треба за да развиваме добро-соседски релации. 

Што според вас го прави овој договор толку неприфатлив за дел од стручната јавност?

Котлар: Би требало да имаме рамноправен третман во договорањето, преговарањето и потпишувањето. Тоа е политичкиот дел, ако Македонија го признава бугарскиот народ и Бугарија како држава тогаш и бугарскиот народ треба да го признае македонскиот народ како свој еквивалент и да го признае јазикот за да бидеме навистина рамноправни и ќе произлезеше атрибутот добро-соседство. 

Сметам дека самиот договор не е симетричен и не во добробит на македонската страна. Во договорот има одредба за заедничка историја. Не може да станува збор за такво нешто бидејќи ние не сме еден народ, туку сме посебни, имаме и посебни држави и свои истории. Тоа ќе го кажат сите историчари верни на својата професија, а не на партијата на која и припаѓаат. Без разлика што во минатото одредени историски процеси ни се случувале слични историски настани или содржини. На Балканот имаме состојба каде едни народи беа под Османлиското царство, други под Австроунгарија. Дали сега на Словенија и Хрватска може да им кажеме по таа логика дека имаат заедничка историја? Да не ја харикираме историјата како наука која има чуство за општествени нешта.

Како во овој процес ќе се вклучат македонските историчари и каков однос очекувате од бугарските колеги?

Котлар: Ќе следи реакција на договорот, јас живо се подготвувам каде ми се книгите и изворите со цел да можам да полемизирам со моите колеги со факти и аргументи. Во Бугарија кај историчарите ништо не е променото од времето на Тодор Живков и не очекувам нитy сега.

Дали очекувате во работата на комисиите за историските настани меѓу двете земји да има политички влијанија?

Котлар: Јас морам да ви кажам, науката е едно а политиката е сосема нешто друго. Политиката е толку самобендисана и сака секогаш да го има последниот збор. Науката е таа која ги поправа сите насилници на времето кои мислат дека ја пишуваат историјата.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција