НАТО бара Русија да престане со мешањето на Балканот
Објавено во: Балкан 22 Февруари, 2018
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ја критикуваше Русија, обвинувајќи ја за мешање и обиди за влијание врз државите на Балканот.
- Имаме информации дека Русија се обидува да се меша во внатрешните работи на државите од Балканот - порача Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел, предупредувајќи дека секоја надворешна интервенција е неприфатлива.
Според првиот човек на Алијансата, податоците покажуваат зајакнато руско присуство во регионот. Столтенберг потенцира дека сите држави на Балканот треба да бидат отпорни и способни да ги пресечат сличните обиди за мешање во внатрешните работи.
– Многу внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан, имаме присуство во регионот - додаде шефот на НАТО.
Столтенберг ја опиша Србија како близок партнер на НАТО, истакнувајќи дека Алијансата работи со сите балкански држави за нивно приклучување кон Вашингтонскиот договор.