25 Април, 2024
1.5159

Научници го уништија митот за диносаурсите и Jurrasic Park

Објавено во: Стил 17 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку сте големи фанови на филмот Jurassic Park поради сцените со Т-Рексот, тогаш ви препорачуваме да не ја читате оваа статија за да не се разочарате. Бидејќи ве предупредувме, група на научници направиле сериозни истражувања за вистинскиот начин на кој се движел Т-Рексот, еден од најмоќните диносаурси кој се смета дека бил и голем предатор. 

За жал, резултатите се многу различни од фантазијата на режисерот Стивен Спилберг, бидејќи самата маса и тежина на Т-Рексот не му дозволувала да трча брзо. Овие суштества се движеле со брзина од најмногу дваесетина километри на час што значи дека било кој човек би можел да избега од нив доколку трча брзо. 

Така многу сцени од филмот воопшто немаат научна логика и сликата која за диносаурсите, особено за моќниот Т-Рекс ја имавме долго време уште од 90-тите сега е разбиена. 

Секако, филмот Jurassic Park иако имаше многу реален визуелен приказ на диносаурсите никогаш не тврдеше дека целосно е базиран на научни теории туку повеќе служеше за разбудување на детската фантазија. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти