Научници се подготвуваат за на Марс
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Шест научници влегле во специјална купола изградена на вулканот Мауна Лоа, со цел истражување на човековата психологија.
Ова на НАСА треба да и ги даде потребните податоци за планирање подолги мисии на Марс.
Четворица мажи и две жени ќе поминат осум месеци во симулација на вселенски дом на Хавајските острови.
Во наведениот период шесте лица нема да имаат физички контакт со други луѓе, а целата електронска комуникација со тимот за поддршка ќе доцни 20 минути - времето за кое и е-мејл би стигнал од Марс на Земјата.
Проектот, финансиран од НАСА, ќе ги проучува психолошките потешкотии предизвикани од долг престој во затворено и изолација.