25 Април, 2024
0.0283

Наумов: Одлуката за максимално задолжување над законскиот лимит

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов упати ургенција до Министерот за финансии со барање за свикување на итна седница на Владата на РМ со цел усогласување на Одлуката на Владата на РМ со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредностза 2016 година, со Буџетот на РМ. Согласно Законот за јавен долг член 18 став 4 државните хартии од вредност ги издава Министерството за финансии врз основа на Одлука на Влада со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување.

Со актуелната Одлука на Владата бр.42-13244/1 од 29.12.2015 максималниот износ на ново задолжување преку издавање на ДХВ во 2016 година изнесува 10.455.000.000 (десет милијарди четиристотини и педесет и пет милиони) денари и е во рамките на износот од 18.860.000.000 денари утврден во првично изгласаниот Буџет на РМ за 2016 година.

Меѓутоа со вториот ребаланс на буџетот усвоен од страна на Собранието на РМ износот од 18.860.000.000 денари е променет на 8.405.000.000 денари. Како последица на усвоениот ребаланс Одлуката на Владата е над законски утврдениот лимит. Владата на РМ била должна да ја усогласи Одлуката за максимално задолжувањево рамките на лимитот предвиден со ребалансот на буџетот.Дотолку повеќе што во Уставот на РМ во член 51јасно е наведено дека сите прописи мора да бидат во согласност со Уставот и Законот.

Впрочем така е постапувано и во претходни години.

Исто така Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов во писменото барање до Министерот за финансии Кирил Миноски посочи дека реализираниот износ на домашно финансирање по основ на државни хартии од вредност го има надминато износот предвиден со Буџетот на РМ за 2016 година. Заклучно со 18.11.2016 година домашното финансирање по основ на ДХВ изнесува 9.435.000.000 денари и е над износот утврден со буџетот од 8.405.000.000 денари.

Стабилноста на домашниот финансиски пазар години наназад е резултат на работата на повеќе влади, различни министри за финансии и гувернери на НБРМ. Само законско постапување може да ја гарантира неговата стабилност и неговиот иден развој. Клиентите на домашниот финансиски пазар не смее да бидат доведени во ситуација да учествуваат во аукции на ДХВ кои не се распишани и спроведени во согласност со законската регулатива, а со тоа да бидат ставени во ризик и нивните пласмани.

Поради законските надлежности во реализирањето на аукциите на домашниот финансиски пазар и на Народната Банка на РМ, Дополнителниот заменик министер за финансии за истото го извести и Гувернерот на НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка