НАВАЛИЈА НА СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА: За само 10.000 евра гарсоњера
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
Откако Грција е во криза, цените на недвижностите се намалени.
Грците се повеќе огласуваат во српските агенции дека продаваат имот.
Сега за 10.000 до 15.000 евра може да се купи гарсоњера или еднособен стан, кој е за реновирање и се наоѓа во Солун или на Халкидики.
Во Солун има и цени од 300 евра за квадрат, а просекот е 1000 евра.
За луксуз варијанти и на двете места цените се и до 3000 евра.
Се нуди и деловен простор по поволни цени.
Поради сигурност, овие договори купувачите треба да ги склучуваат со посредник.