22 Октомври, 2017
0.4143
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Навршија 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Објавено во: Македонија 13 Август, 2017

Пред 16 години на денешен ден беше потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на тогашната криза во Македонија.

Преговорите, кои започнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, завршија со финализирање на документот на 10 август во Охрид, кој три дена подоцна беше потпишан во Скопје. Со Охридскиот рамковен договор се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.

На 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери, и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски, и на ДПА, Арбен Џафери.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.

Покрај потписниците, во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе се обрати по повод одбележувањето на 16 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор.

Можеби ќе ве интересира

Тинејџери летово низ Кисела Вода и Аеродром краделе автомобили од подземни гаражи

Тинејџери летово низ Кисела Вода и Аеродром краделе автомобили од подземни гаражи

Не е точно дека работници од Екс-ју земјите ќе се вработуваат под исти услови како оние од ЕУ земјите во Германија

Не е точно дека работници од Екс-ју земјите ќе се вработуваат под исти услови како оние од ЕУ земјите во Германија

ТОПЛО УШТЕ ДЕНЕС: Од утре пресврт во временската прогноза

ТОПЛО УШТЕ ДЕНЕС: Од утре пресврт во временската прогноза

Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани

Луѓето не смеат да бидат купувани и продавани

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: Горна Македонија е прифатливо решение

ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ЗА ФАКТОР МАГАЗИН: Горна Македонија е прифатливо решение

ТРОШОЦИТЕ ПОГОЛЕМИ ОД ПЛАТАТА: Вработените во овој сектор едвај врзуваат крај со крај

ТРОШОЦИТЕ ПОГОЛЕМИ ОД ПЛАТАТА: Вработените во овој сектор едвај врзуваат крај со крај

Кога ќе проработи бројчаникот што го вети Заев?

Кога ќе проработи бројчаникот што го вети Заев?

Груевски ќе прифати и доживотен затвор само Заев да ги остави на мир насилниците од „крвавиот четврток“

Груевски ќе прифати и доживотен затвор само Заев да ги остави на мир насилниците од „крвавиот четврток“

Груевски: Прислушувани се над 100 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: Прислушувани се над 100 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ