28 Март, 2024
0.0261

НБМ ДО БАНКАРИТЕ: Зголемeна внимателност поради раст на нефункционалните кредити

Објавено во: Финансии 29 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Пораст од дури 8,1% регистрирала Народната банка во вториот економски квартал од годинава, со што се потврдија информациите што ги објави “Фактор“ дека банкарите упатуваат на влошување на состојбата со проблемтичните кредити пласирани кај фирмите.

Но, според најновите анализи на НБМ, регистриран е забрзан раст на нефункционалните кредити кај домаќинствата. Со порастот на нефункционалните кредити се зголеми и нивното учество во вкупните кредити.

Која е причината за раст на нефункционалните кредити?

Дел од банкарите за “Фактор“ веќе потврдија дека на крајот од првото полугодие но и со почетокот на второто полугодие е регистриран пораст кај нефункционалните кредити во корпоративниот сектор. Како причина за ова беа посочени локланите избори.

“Кај Корпоративниот сектор има намалување на депозитите и влошување на отплатата на кредитите,но тоа е од сезонски карактер. Локалните избори влијаеа на намалена отплата на кредитите од фирмите, што се случува редовно за време на избори поради административни пречки. Очекуваме оваа состојба за брзо време да се надмине и плаќањето на кредитите да се нормализира“ - изјави првиот човек на Стопанска банка – Битола, Владимир Ефтимоски.

Овој тренд го потврдија и од Народната банка.

“Во вториот квартал од 2017 година, вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем се зголемија за 8,1%, запирајќи го трендот на нивното квартално намалување присутен во изминатиот едногодишен период. Значително влијание врз надолното движење на нивото на овие кредити имаа измените во регулативата на Народната банка за задолжителен отпис. Сепак, со оглед на се послабиот обем на месечните задолжителни отписи како и фактот дека најголемите отписи беа извршени во јуни 2016 година, ефектите од оваа мерка постепено се исцрпуваат“ – велат од НБМ и посочуваат дека без ефектот од отписите, учеството на нефункционалните кредити во вкупните ќе изнесува 11,6%, и претставува идентичен квартален раст од 0,4 проценти поени.

Од таму објаснуваат дека ова влошување на квалитетот на кредитното портфолио е концентрирано кај корпоративните кредити, за што придонесе поизразениот раст на нефункционалните кредити во однос на растот на кредитната активност на банките кон овој сегмент од кредитниот пазар.

„ Најголемиот дел од нефункционалните кредити произлегуваат од корпоративниот сектор“ – заклучува НБМ.

Според одделни дејности, стапката на нефункционалните кредити е највисока кај клиентите од дејностите „градежништво и дејности во врска со недвижен имот“, „трговија на големо и мало“ и „индустрија“.

И граѓаните имаат проблем со отплата на кредити!

Не само кај фирмите, забрзан раст на нефункционалните кредити има и кај домаќинствата, поради што НБМ укажува на зголемена внимателност на банките.

“Забрзаниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата (присутен во последните десетина месеци), проследен со раст на пролонгираните кредити и на кредитите кај кои задоцнувањето е помеѓу 61 и 90 дена, укажува на потреба од повнимателно следење на ова портфолио“ – посочуваат од НБМ и додаваат:

“Стапката на нефункционалните кредити на домаќинствата е ниска, изнесува 2,5% и е непроменета во однос на претходниот квартал (генерално, оваа стапка подолг период е непроменета). Растот на нефункционалните кредити на домаќинствата кој е поизразен во последните десетина месеци не се одрази врз показателите за квалитетот на кредитите кон овој сектор“.

По одделни кредитни производи, стапката на нефункционалните кредити бележи зголемување единствено кај „кредитните картички“, што во услови на раст на нефункционалните кредити (за 4,1%) произлегува од послабиот обем на новото кредитирање врз оваа основа во споредба со претходниот квартал.

Пролонгираните кредити претставуваат 10,2% од вкупните кредити на нефинансиските субјекти. Според податоците на Народната банка, заклучно со септември, салдото на нефункционални кредити изнесува близу 305 милиони евра.

На истекот од оваа банкарска година, дел од менаџерите во финансискиот сектор велат дека со оглед на долготрајноста на политичката криза, сепак банките испорачуваат позитивни резултати. Кредитирањето кај населението е со пораст, но забавување има кај корпоративниот сектор. Имено, поради неизвесноста, екипирањето на новиот владин кабинет и вкупниот политички контекст – инвестициската активност речиси е ставена под “мраз“.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка