28 Март, 2024
0.0251

НБМ: Кредитирањето ќе продолжи со раст од 7 %!

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Растот на кредитирањето на граѓаните и на фирмите и во следните две години ќе биде со намалено темпо, отколку претходно. Стапката на кредитната активност останува едноцифрена. Во најновиот извештај на Народната Банка што се однесува на третиот квартал од годинава, се посочува дека кредитниот раст во оваа 2012 та година ќе изнесува 7 отсто и дека позначајни промени не се очекуваат ниту во периодот што следува. “Домашниот банкарски сектор и натаму ќе обезбедува солидна финансиска поддршка на економскиот раст, при оценет раст на кредитите од околу 7% во 2012 година и негово благо забрзување во следните две години. Сепак, неизвесниот глобален амбиент и сè уште конзервативните деловни стратегии на европските банкарски групации, коишто со свои членки се присутни и на домашниот пазар, може да се одразат врз кредитната политика на домашниот банкарски сектор преку зголемена претпазливост и ориентираност кон високо бонитетни клиенти“. Во текот на третиот квартал од годината, ликвидноста на банките на нето-основа се намалила за 31,2 милиони евра, при што најголем удел во ова имаат трансакциите на државата за повлекување на ликвидни средства. Во исто време, НБМ оценува дека во третиот квартал домашното производство и платите оделе во надолна линија, односно се намалувале. “Домашното производство на стоки за широка потрошувачка продолжи да се намалува со поголем интензитет, а и увозот бележи значително реално годишно намалување. И трговијата на мало бележи натамошно годишно намалување. Реалните плати и натаму бележат годишен пад со речиси иста јачина како и претходно, додека пензиите бележат умерен и стабилен реален раст. “ - пишува во извештајот на Народната Банка. Должничката криза во евро-зоната е сѐ уште главната закана за глобалниот економски раст, посочуваат од НБРМ : “Дополнителен ризик претставува и позицијата на јавните финансии на САД. Имено, ненавремената реакција за избегнување прекумерно фискално затегнување, поттикнато од постојното буџетско законодавство на САД, и за поместување на прагот на федералниот долг, како и отсуството на кредибилен сеопфатен план за обезбедување фискална одржливост на среден и долг рок, би ги зголемило ризиците на финансиските пазари и би ја нарушило довербата на приватните субјекти, со негативни повратни ефекти врз економскиот раст “. Народната Банка веќе ги ревидираше очекувањата за економските параметри годинва и го обелодени проекциите за догодина. Според НБРМ, економијата годинава ќе стагнира. Во 2013 – та економскиот раст , според проекциите на Централната Банка ќе изнесува 2,6 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка