20 Април, 2024
0.0261

НБРМ: Девизните резерви во април и мај бележат пад

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

На вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Постојната монетарна поставеност била оценета како соодветна на тековните услови во економијата, комитетот оценил дека најголем дел од показателите битни за монетарната политика се поволни и не отстапуваат од очекувањата, но сепак постојат пунктови каде е потребна одредена внимателност. Притоа, особено битни се движењата на девизниот пазар коишто се стабилни, без присутни притисоци, а показателите за девизните резерви остануваат на соодветно ниво.

„Во вакви услови, а при присуство на одредена неизвесност и ризици, каматната стапка на благајничките записи беше задржана на непроменето ниво од 3,25%. Воедно, беше одлучено на аукцијата којашто ќе се одржи на 14 јуни, понудата на благајнички записи да биде непроменета и да изнесува 30.000 милиони денари.
Во однос на конкретните економски показатели, објавените податоци за БДП за првиот квартал покажуваат стагнација на економската активност. Структурно гледано, извозниот сектор и личната потрошувачка и понатаму растат, а дополнително во овој квартал позитивен импулс врз економијата имаа и инвестициите. Сепак, во услови на  посилни увозни притисоци, вкупната економска активност стагнираше, наспроти очекувањата за раст на економијата во овој период. Пониските остварувања создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година. Бројот на расположливи високофреквентни податоци за второто тримесечје е ограничен, а воедно показателите упатуваат на различни насоки на движење, со што тешко е да се формира прецизна оцена во поглед на состојбата во економијата за овој квартал.
Во мај, податоците за инфлацијата укажуваат на годишна стапка на инфлација од 1,2%, додека просечниот  годишен раст на цените во првите пет месеци изнесува  0,7%. Овие остварувања се резултат првенствено на базичната инфлација, и во помал дел на цените на енергијата, наспроти и натаму негативниот придонес на цените на храната. Остварувањата кај инфлацијата, главно се во склад со проекцијата, а очекувањата за влезните претпоставки за увозните цени на примарните производи се главно надолни, но сепак исклучително променливи. Во вакви околности ризиците околу проекцијата на просечната инфлација за 2017 (1,3%) се оценуваат како врамнотежени“, соопштуваат од Централната банка.

Во однос на надворешниот сектор, податоците за девизните резерви за април и мај покажуваат пад во однос на крајот на првиот квартал, којшто е во рамки на очекуваните движења. Притоа, сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на расположивите податоци за надворешниот сектор, нивниот број е мал, а засега покажуваат поповолни движења од очекуваните. Оваа констатација се однесува на менувачкиот пазар заклучно со втората декада на мај, но и за податоците за надворешната трговија за април. Така, во април 2017 година, извозот на стоки оствари годишен раст од 5,3%, при раст на увозот од 2,2%, што доведе до намалување на трговскиот дефицит на годишна основа и индиции за подобри движења од оценетите во рамки на вториот квартал. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни заклучоци во однос на очекувањата за показателите од надворешниот сектор за целото тримесечје.

Од аспект на банкарскиот систем, првичните податоци за мај 2017 година покажуваат месечно намалување на депозитната база, петти месец последователно. Сепак за разлика од претходните два месеца, во мај забележан е минимален раст на депозитите на населението, при зголемување на штедењето во домашна валута. Нивото на вкупните депозити, засега е под проекциите и упатува на одредени ризици во овој сегмент. Од друга страна, кредитната активност и во мај продолжи да расте со солидно темпо, во голема мерка како последица на кредитната поддршка на населението, но и умерен раст на корпоративното кредитирање. Динамиката на кредитирањето е во линија со очекуваните движења.

Ликвидноста на банките, по еднократниот пад во април, во мај го продолжи нагорниот тренд којшто е карактеристичен од почетокот на последниот квартал на 2016 година наваму. Месечниот пораст на ликвидните средства во најголем дел беше резулатат на ефектот на трансакциите на државата поврзан со отпочнатата исплата на субвенциите за земјоделство што пак беше делумно неутрализирано со интервенциите на Народната банка кои беа во насока на продажба на девизи.

„Во мај, на девизниот пазар беше забележан сезонски раст на побарувачката за девизи, пред сѐ од страна на фирмите, којашто во дел беше надоместена од силната понуда на девизи од страна на менувачниците. Дополнително, дел од побарувачката за девизи банките ја задоволија од сопствените средства, што влијаеше во насока на намалување на нивните девизни средства, раст на побарувачката за девизи на меѓубанкарскиот пазар и интервенции на Народната банка за обезбедување на банките со потребната девизна ликвидност. Во текот на месецот, банките активно тргуваа и на пазарите на пари, а заради ефикасно управување со ликвидноста, вишокот на средства на нивните сметки продолжија да го насочуваат кон расположливите депозити кај Народната банка.
Пазарните учесници во еврозоната беа во исчекување на состанокот на ЕЦБ и парламентарните избори во Обединетото Кралство и Франција, при што на пазарите преовладуваше склоност кон преземање ризик. На состанокот на ЕЦБ на почетокот на јуни, беше исклучена можноста за натамошно намалување на каматните стапки, додека проекциите за инфлацијата до 2019 година беа ревидирани надолу. Од друга страна, на меѓународните пазари постои голема извесност за натамошна нормализација на монетарната политика на ФЕД на јунскиот состанок“, се додава во соопштението на НБРМ.

На седницата беше заклучено дека постојните економски и финансиски услови, како и постоечките ризици укажуваат дека засега постојната монетарна поставеност е соодветна. Екстерната позиција гледана преку остварувањата кај девизните резерви е во рамки на очекувањата за вториот квартал и покажува задржување на здрави економски фундаменти. На ваков заклучок упатуваат и податоците за кредитните текови. Од друга страна, првичните податоци за БДП упатуваат на значително послаба економска активност во првиот квартал од годината, што создава ризици за оцените за растот за 2017 година. Воедно и остварувањата кај штедењето на населението и натаму се „анемични“ и упатуваат на простор за понатамошно подобрување на очекувањата и довербата.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите