29 Март, 2024
0.0240

НБРМ: Инфлацијата забавува, банките се воздржани за давање кредити

Објавено во: Финансии 11 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Макроекономски податоци објавени во август укажаа дека економијата на евро-зоната излезе од рецесија во вториот квартал од 2013 година, а посочија и на можен умерен економски раст и во втората половина од годината. Од другата страна на Атлантскиот Океан, американската економија е во подобра состојба и закрепнува со побрза динамика, но одредени макроекономски показатели упатуваат на неизвесност во однос на самоодржливоста на економскиот раст. Најновите движења во домашната економија не упатуваат на поголеми промени во амбиентот за спроведување на монетарната политика во однос на претходните оцени, дадени во август. Така, годишниот раст на инфлацијата продолжи да забавува и во август изнесуваше 2,8%. Инфлациските остварувања целосно се во рамки на проекциите, а последните оцени и понатаму укажуваат на урамнотежени ризици околу проектираната просечна инфлација од 2,8% за 2013 година, стои во соопштението од Народна Банка од седницата на Комитетот каде разгледани беа најновите макроекономски показатели и нивните ефекти врз монетарната политика. Од НБРМ оценуваат дека показателите за економската активност упатуваат на раст на БДП за второто тримесечје, условен од растот на индустриската и градежната активност, а според првичните податоци за кредитните текови, во август има месечна стагнација на кредитната активност, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор и понатамошен раст на кредитната поддршка на секторот „население“. Се оценува дека ризиците околу проекцијата на кредитите остануваат претежно надолни, во услови кога бавното и неизвесно економско закрепнување креира поголема воздржаност на банките за кредитирање. Негативен ефект врз кредитниот раст имаат и конзервативните стратегии на некои банкарски групации коишто со свои ќерки се присутни на домашниот пазар. Месечниот раст на депозитите во банкарскиот систем забрза во август, но и понатаму депозитниот потенцијал се зголемува со побавна динамика од очекуваната. Ликвидноста на банкарскиот систем во Република Македонија во август се зголеми под влијание на автономните фактори, во најголем дел заради реализираните девизни интервенции. Во склад со сезонските движења, но и под влијание на позитивните економски текови, во третиот квартал на 2013 година на девизниот пазар беше зголемена понудата на девизи, што услови подобрување на девизните позиции на банките, интервенции во насока на откуп на девизи од страна на Народната банка и дополнителна акумулација на девизните резерви. За надминување на ликвидносните флуктуации, банките активно ги користеа монетарните инструменти, а на пазарот на депозити, меѓубанкарските трансакции беа со рочност до 1 месец. Според НБРМ откако стапија на сила последните измени кај инструментот „задолжителна резерва“, мерките обезбедуваат натамошна поддршка на растот на штедењето во домашна валута и стимулирање на прилив на странски капитал во домашната економија, како дополнителен извор за финансирање на банкарскиот систем. „Имајќи ги предвид најновите макроекономски и пазарни показатели, на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено дека каматната стапка на основниот инструмент, благајничките записи, е поставена на соодветно и ниско ниво. Следствено, истата се задржа на 3,25%, а на аукцијата беше одлучено да се понудат благајнички записи на ниво на достасаниот износ (од 25.500 милиони денари)“, соопштуваат од НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап