20 Април, 2024
0.0268

НБРМ: Каматата за благајничките записи намалена на 3,5%

Објавено во: Финансии 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Народната банка ја намали основната камата на  благајничките записи на 3,5%,  а одлуката е донесена во услови на намалени инфлациски ризици, поволни движења кај девизните резерви, бавно закрепнување на реалниот сектор и забавување на активноста на кредитниот пазар.  На седницата на Комитетот за оперативна политика да се намали и каматната стапка на расположливите депозити на 7 дена, од 2% на 1,75%. Во согласност со проектираното ниво на ликвидност, Комитетот одлучии на следната аукција да се понудат благајнички записи во износ од 24.500 милиони денари, што претставува пониско ниво од достасаниот износ  од 26.000 милиони денари, ингормираат од Националната установа од каде очекуваат дека понатамошното олабавување на монетарната политика ќе придонесе за олеснување на кредитните услови и поголема економска активност. „Евентуалното влошување на глобалниот економски амбиент, како и  неизвесноста околу преносните ефекти врз инфлацијата во наредниот период сѐ уште се главните ризици за макроекономските движења во претстојниот период. НБМ ќе продолжи внимателно да ги следи идните макроекономски движења и доколку е потребно, ќе реагира преку монетарната политика со цел да ја задржи макроекономската стабилност и да ги исполни монетарните цели“, стои во соопштението од НБМ. Во однос на инфлацијата се посочува дека податоците за декември покажуваат понатамошна стабилизација на ценовното ниво, просечната инфлација за целата година била во рамки на проекциите, додека годишниот раст на цените во декември е понизок, во споредба со претходните очекувања. „Ваквата динамика на домашните цени упатува на постепено смирување на инфлациските притисоци и намалување на ризиците околу идната инфлација. Имајќи ги предвид сегашните претпоставки, последните оцени покажуваат дека инфлацијата во 2013 година би била пониска од претходно очекуваната“, информираат од НБРМ. Како главни ризици за макроекономските движења во претстојниот период и понатаму се посочуваат евентуалното влошување на глобалниот економски амбиент и неизвесноста околу преносните ефекти врз инфлацијата. Од НБРМ велат дека ги следат состојбите и ако е потребно ќе реагираат преку монетарната политика за да се задржи макроекономската стабилност и да исполнат монетарните цели.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин