18 Април, 2024
0.0290

НБРМ најдобра во Европа во финансиска едукација на млади

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

На Вториот годишен самит на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади „Менување на иднината на финансиите“ (Reshaping the Future of Finance), што се одржа од 7 до 9 мај 2013 година во Истанбул, Турција, Народната банка на Република Македонија зеде учество и го освои првото место, односно ја освои престижната награда „Регионален финалист на Европа“, во категоријата за најдобро организирани настани и активности за време на Глобалната недела на парите 2013 г. (Global Money Week 2013), 15-21 март, во конкуренција со над 25 земји-учеснички од Европа. Претседател на жири-комисијата на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за избор на регионалниот финалист беше баронесата Валери Ховард од Брекланд, Велика Британија. На Самитот беа присутни 420 учесници и 100 деца и млади од вкупно 102 земји од целиот свет. Ова е втор настан по ред каде што се среќаваат децата, младината и високите претставници од различни сектори на тема финансиска едукација, финансиска писменост и економско граѓанство за децата и младите. Различните сектори опфаќаа претставници од: меѓународни финансиски организации, наднационални институции, влади, министерства, централни банки, други регулаторни институции, финансиски институции, банки, фондации, корпорации, мултилатерални и билатерални агенции, невладини организации и медиуми. Овој самит се одржа под патронажа на Одборот на пазари на капитал на Турција (Capital Markets Board of Turkey), во соработка со Централната банка на Република Турција и Берзата во Истанбул. Народната банка на Република Македонија, во изминатиот период и за време на Глобалната недела на парите 2013, организираше бројни активности во дел од основните училишта во Скопје. Во текот на таа недела, претставници и дел од раководството на Народната банка на Република Македонија посетија повеќе основни училишта и одржаа интерактивна настава наменета и приспособена за учениците од трето до петто одделение. Под мотото „Преку игра до едукација“, учениците се запознаа со теми од областа на парите, целите и задачите на Народната банка, банките, штедењето и сл. Интерактивната настава опфаќаше запознавање на учениците преку интересни едукативни игри и активно учество и поттикнување на детската размисла во целокупната дискусија за време на предавањата. Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади претставува глобална мрежа којашто е посветена на преобразување на секое дете во светот во економски граѓанин. Работата на оваа организација е да обезбеди секое дете во светот да има штедна книшка и да поседува знаење и вештини да го прави вистинскиот избор во иднина со што ќе обезбеди подобар живот за себе, околината и општеството. За помалку од една година, ова глобално движење опфати над 18 милиони деца и млади во процесот на финансиска едукација на децата и младите. Глобалното движење за финансиска едукација на деца и млади е единствено од ваков вид, затоа што ги обединува како организациите, така и индивидуалците од различните земји. На Првиот годишен самит во 2012 година, мрежата се обврза да опфати 100 милиони деца со процесот на финансиска едукација до 2015 година, како прв чекор на ова глобално движење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“