23 Април, 2024
0.2354

НБРМ објавува Конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација)

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел поттикнување поголем интерес за знаења од областа на економијата и финансиите, Народната банка на Република Македонија објавува Конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација).

Едукативната игра (веб/мобилна апликација) ќе биде наменета за пошироката јавност, а пред сè за младата популација. Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да пројават поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група. Изработката на најдобра едукативна игра ќе се спроведе во две фази:

1.  Во првата фаза авторите треба да изработат идејно решение во рок од еден месец од објавата на Конкурсот; и

2.  Во втората фаза авторите треба да изработат едукативна игра (веб/мобилна апликација) во рок од три месеци од прифатеното идејно решение.

„Во првата фаза се очекува авторите да достават идејно решение во кое ќе биде опишана едукативна игра (веб/мобилна апликација) преку слики и текстуално. Секој автор што ќе достави идејно решение коешто ќе биде прифатено од страна на Комисијата за избор на едукативна игра, ќе се смета дека ги прифаќа условите наведени во Конкурсот. Вработени од Народната банка ќе соработуваат со сите автори коишто ќе достават идејни решенија, ќе ги насочуваат авторите во однос на содржината и текстуалниот дел во игрите за да можат заеднички, преку консултации, да го развијат конечниот производ (едукативната игра). Идејните решенија за видовите едукативна игра им се оставаат на имагинацијата на авторите“ - велат од НБРМ. 

На избраните автори ќе им се додели награда за едукативна игра (веб/мобилна апликација), и тоа: за прво место 50.000,00 денари, нето; за второ место 25.000,00 денари, нето; и за трето место 15.000,00 денари, нето. Наградите ќе бидат доделени по завршувањето на Конкурсот на јавен настан во организација на Народната банка.

Народната банка ќе ги постави наградените едукативни игри на интернет-страницата на Народната банка.

Краен рок за доставување на едукативните игри е 13 март 2018 година.

За подетални информации Ве молиме обратете се на електронската пошта: edukacija@nbrm.mk.

Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички