20 Април, 2024
0.0255

НБРМ регистира поволни трендови во домашната економија

Објавено во: Финансии 12 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Макроекономски движења во домашната економија, од монетарен аспект, се релативно поволни, констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ на редовната седница одржана вчера.  Последните податоци укажуваат на малку пониска инфлација во однос на очекуваната. Во текот на октомври и ноември динамиката на инфлацијата значително забави, укажувајќи на намалување на инфлациските притисоци, предизвикани од порастот на увозните и регулираните цени. И покрај очекувањата за поголеми сезонски притисоци врз побарувачката за девизи во последниот квартал, НБРМ изврши откуп на девизи на девизниот пазар. Последните промени во девизните резерви покажуваат дека позицијата на билансот на плаќања е стабилна, при што во најголем дел финансирањето на тековната сметка се обезбедува преку нето-приливите во капитално-финансиската сметка. Воедно, последните остварувања кај државата покажуваат дека, и покрај најавениот поголем буџетски дефицит, преку овој извор досега не се создале притисоци врз девизните резерви. Девизните резерви и понатаму се одржуваат на адекватното ниво. Показателите за економската активност потврдуваат дека во третото тримесечје, состојбата во реалниот сектор би била подобра во однос на второто тримесечје, но таа и понатаму би била во зоната на негативни годишни промени. Во прилог на оваа констатација оди и состојбата на кредитниот пазар на банките, каде што кредитната активност на банките забавува. Доколку продолжи ваквиот тренд на релативно поволни движења, пред сѐ кај инфлацијата и девизните резерви, тоа ќе придонесе за создавање услови за евентуални промени во монетарната политика. И покрај ваквите движења, сѐ уште присутната неизвесност и постојаното влошување на оцените за глобалниот раст и понатаму претставуваат ризик за идните трендови во надворешниот сектор. Воедно, имајќи ја предвид променливоста на цените на светските пазари, како и неизвесноста околу силината на нивните понатамошни преносни ефекти, ризиците околу идната патека на инфлацијата и понатаму се присутни. Присуството на овие ризици секако наметнува потреба од претпазливост при водењето на монетарната политика. Комитетот за оперативна монетарна политика, врз основа на најновите макроекономски и финансиски показатели, оцени дека монетарната политика создава услови за стабилен макроекономски амбиент во домашната економија. Во такви околности, се одлучи да се задржи максималната каматна стапка на основниот инструмент на непроменето ниво од 3,75% и на аукцијата да се понудат благајнички записи во износ од 26.000 милиони денари. Во банкарскиот сектор пак , ликвидноста и солвентноста сѐ уште се најзначајниот столб на стабилноста и сигурноста на македонскиот банкарски систем. На почетокот на третиот квартал од 2012 година започна да се применува новата методологија за утврдување на адекватноста на капиталот, којашто целосно се темели на стандардизираните пристапи дефинирани во првиот столб на Базелската капитална спогодба. На глобален план, сѐ поизвесно станува дека евро-зоната ќе забележи пад на економската активност во последниот квартал од 2012 година. Декемвриските проекции на Европската централна банка упатуваат на очекувања за постепено стабилизирање на економската активност во еврорегионот и евентуално враќање во позитивната зона кон крајот на 2013 година. Најзначаен предизвик за евро-зоната и во 2013 година ќе биде разрешувањето на државната должничка криза. Во САД, пазарните аналитичари проценуваат дека ќе се постигне политички компромис за надминување на фискалните проблеми, при што се очекува дека умереното економско заздравување ќе продолжи во 2013 година. Во ноември, на домашните финансиски пазари беше забележан стабилен промет на меѓубанкарскиот пазар на депозити, при што значителен дел од трансакциите за меѓубанкарско позајмување се склучуваа на подолги рокови (од 7 дена до 1 месец). На девизниот меѓубанкарски пазар беше забележана повисока активност, при што прометот беше повисок од просечниот месечен промет во 2012 година и во такви услови, Народната банка интервенираше со банките-поддржувачи.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин