20 Април, 2024
0.0254

НБРМ: Ризиците од домашните политички случувања и понатаму постојат и се изразени

Објавено во: Економија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На 11 aприл 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено дека во услови на сѐ уште присутни ризици од домашните политички случувања, каматната стапка на благајничките записи се задржува на нивото од 3,25%. Со оглед на стабилизирањето на потенцијалната ликвидност на банките, се одлучи на аукцијата којашто ќе се одржи на 12 април, понудата на благајнички записи да биде на ниво на достасаниот износ и да изнесува 30.000 милиони денари.

Во однос на економската активност, објавените податоци за растот на БДП за 2016 година од 2,4% беа во согласност со проекцијата на НБРМ од 2,3%.За првиот квартал од годината се очекува задржување на позитивната динамика на раст на БДП, но бројот на вискофреквентни показатели е ограничен (дел од клучните показатели се достапни само за јануари). Воедно, некои од нив бележат движења во различни насоки, поради што се зголемува неизвесноста околу оцената за состојбата во економијата во првиот квартал од годината.

Мартовскитеподатоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 0,6%, што е малку послаб раст на цените од очекувањата. Од друга страна, направени се нагорни корекции на очекуваното движење за 2017 година кај влезните претпоставки за увозните цени, што претставува нагорен ризик во однос на проекцијата на инфлацијата во 2017 година, како последица на фактори на страната на понудата.

Очекувањата на економските субјекти и натаму се релативно стабилни, а оцените за стабилноста на економските основи сѐ уште се позитивни. И покрај падот на девизните резерви во првиот квартал, на девизниот пазар се задржани поволните движења, при што во првите три месеца од годината, збирно, НБРМ интервенира со мал нето-откуп на девизи. Девизните резерви и понатаму се на адекватно ниво.

Во март, ликвидноста на банките продолжи да се зголемува, со поумерена динамика и главно под влијание на сезонски пониската побарувачка за готовина во економијата. Со оглед на постојаниот раст на ликвидните средства во изминатиот шестмесечен период, Народната банка во март повлече значителен дел од вишокот ликвидност преку основниот инструмент ‒ благајничките записи. Стерилизирањето на структурниот вишок средства преку благајничките записи придонесе за намалување на пласманите на банките во расположливите депозити кај Народната банка, со што нивната застапеност во однос на основниот инструмент се сведе околу историскиот просек од 25%. Заради надоместување на краткорочните потреби за ликвидност, банките во март имаа зголемена активност на пазарите на пари, каде што покрај со необезбедени депозити, се тргуваше и на секундарниот пазар на хартии од вредност, преку склучување дефинитивни и репо-трансакции.

Од аспект на банкарскиот систем, првичните податоци за март 2017 година покажуваат речиси непроменето штедење на населението во првиот квартал во однос на крајот на 2016 година. При умерен месечен раст во јануари и февруари, ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите на населението во март. Од друга страна, депозитите на претпријатијата во март забележаа месечен раст, но недоволен за надоместување на намалувањето кај населението. Ваквите остварувања доведоа до забавување на годишниот раст на депозитите, но нивното ниво заради добрите остварувања на крајот на 2016 година е повисоко во однос на очекувањата за крајот на првиот квартал. Во однос на кредитната активност, првичните податоци заклучно со март покажуваат раст на кредитите на месечна и на годишна основа и задржување на трендот на поизразено кредитирање на секторот „население“. Сепак, последните податоци за кредитната активност упатуваат на послаби остварувања во однос на проектираните за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција.

Податоците за девизните резерви во март покажуваат пад во однос на крајот на 2016 година, во еден дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели за адекватноста на девизните резерви укажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината се достапни податоци за менувачкиот пазар за првиот квартал, коишто упатуваат на малку пониски нето-приливи од приватните трансфери во однос на очекувањата. Воедно, и последните расположливи податоци за надворешната трговија за првите два месеца од 2017 година упатуваат на отстапување, односно на малку повисок трговски дефицит во однос на очекуваниот. Сепак, краткиот период и променливата сезонска динамика се ограничувачки фактор за донесување посигурни заклучоци во однос на очекувањата за целото тримесечје.

На седницата беше утврдено дека во март, банките во трансакциите со клиентите на девизниот пазар остварија нето-продажба на девизи, којашто главно е одраз на сезонски повисоката побарувачка за девизи од страна на фирмите. Банките ја надоместија побарувачката за девизи од сопствени извори, што услови неутрална позиција на Народната банка во интервенциите на девизниот пазар. Со остварувањата во март, во првиот квартал од годината интервенциите на Народната банка на девизниот пазар се однесуваат на умерен нето-откуп на девизи од банките поддржувачи во износ од 2,8 милиони евра, наспроти нето-продажбите од 17,2 милиона евра во истиот период 2016 година. Овие подобри остварувања се забележани и покрај повисоката нето-продажба на девизи за потребите на клиентите, главно фирми и нерезиденти, којашто целосно беше надоместена од добрата девизна ликвидност на банките.

На меѓународните финансиски пазари, во март преовладуваа очекувања за побрз излез од експанзивната политика на ЕЦБ, што беше проследено со раст на приносите на државните обврзници во еврозоната. По одржаните парламентарни избори во Холандија, беа помалку нагласени согледувањата за политички ризици во Европа, а вниманието на пазарните учесници се насочи кон претстојните претседателски избори во Франција. Во САД, беше донесена очекуваната одлука за зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, а се засилија и дискусиите за постепено намалување на ликвидносната поддршка преку програмите за квантитативно олеснување, со оглед на поволните економски изгледи за наредниот период.

На седницата беше заклучено дека оцените за стабилноста на економските основи и натаму се позитивни. Ризиците од домашните политички случувања и понатаму постојат и се изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување се сѐ уште актуелни.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите