26 Април, 2024
0.0270

НБРМ:Цените на храната ќе растат и во 2013-та

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Народна банка на Македонија излезе со макроекономски проекции за 2012-2014-та година. Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов најави стагнација на економијата во 2012-та, а во 2013-та предвиде раст на 2,6 % наспроти првично проектираните 3%. Во 2013-та ќе имаме и повисоки увозни цени на храната, што значи трошоците за живот ќе бидат повисоки , а стабилизирање се очекува дури во 2014-та. Цените на храната се очекува да растат до средината на 2013-та, изјави Богов. Во услови на повисока стапка на инфлација во третиот квартал и нагорни ревизии на оцените за увозните цени на енергијата, се оценува дека просечната инфлација ќе изнесува 3,4% во 2012 година и 3,5% во 2013 година. Стабилизирање на инфлацијата се очекува во 2014 година, кога таа би се вратила на нивото од околу 2,6%. И покрај нагорната ревизија, инфлациските движења засега не се оценуваат како високо ризични, со оглед на тоа што повисоката инфлација е предизвикана од фактори на страната на понудата, што во услови на оценки за слаба домашна побарувачка, го амортизира ризикот од поголеми преносни ефекти врз останатите цени во економијата. Послабиот глобален економски раст, влошените очекувања, понискиот расположлив доход за потрошувачка, како и поотпорниот увоз се факторите поради кои се предвидува стагнација на бруто домашниот производ во 2012 година, наспроти очекуваниот раст од околу 1%. Се очекува дека закрепнувањето на домашната економија ќе започне од 2013, со повисока извозна активност и инвестиции, при што растот на БДП се проценува на 2,6%. Се очекува дека позитивниот инвестициски циклус ќе продолжи и во 2014 година, што заедно со подобрите очекувани остварувања кај извозот и оценетото заживување на личната потрошувачка, би придонесло за зајакнување на економскиот раст до 3,4%.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија