20 Април, 2024
0.0264

Не фрлајте ги старите телефони-тоа е нов бизнис

Објавено во: Финансии 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Како што електричните автомобили стануваат дел од сегашноста така се повеќе повеќе компании гледаат добра бизнис шанса во рециклирање на батерии од тие возила.

Уште сега малите литиумски-јонски батерии се во низата уреди, од паметни телефони до електрични четки за заби, вистински рудници со вредни метали и минерали.

Според податоци на консултантската куќа Роскил, само во 2015 година во неискористени литиумски-јонски батерии се наоѓале метали вредни две милијарди долари. Речиси сите тие батерии завршуваат на отпад или лежат неискористени во стари уреди.

Проблемот ќе стане уште поизразен кога употребата на електрични автомобили ќе стане помасовна. Имено, таквите батерии се далеку поголеми, траат од осум до 10 години, а до 2025 година ќе сочинуваат 90 отсто од пазарот на литиумски-јонски батерии.

Проценките на Роскил говорат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за литиум за четири пати, а за кобалт повеќе од два пати. Се работи за два основни метали во производство на литиум-јонски батерии. 

Инаку, цената на кобалтот оваа година скокнала 80 отсто. Аџеј Кохар, соосновач и извршен директор на канадскиот стартап  “LiCycle”, проценува дека до 2030 година глобално ќе треба да се рециклираат 11 милиони тони литиумјонски батерии.

Но, за да биде профитабилна фирмата, мора да го рециклира речиси целиот материјал кој се наоѓа во батериите. Кохар тврди дека веќе сега може да „извлече“ до 90 отсто од материјали, вклучувајќи литиум, кобалт, бакар и графит.

Проблемот со тој вид на батерија е што не постои стандардизирана постапка на нивно рециклирање. „Секој користи своја сопствена формилација“, истакнува Линда Гејнс, аналитичарка од Американски центар за сообраќајни истражувања.

Дека постапката не е едноставна, говори и примерот на белгиската фирма “Umicore”, која е еден од пионирите за рециклирање на литиумјонски батерии.

“Umicore” со тој бизнис се заниава уште од 2006 година. Фирмата моментално работи на пилот проект за рециклирање на батерии од електрични автомобили како би се подготвила за „значајни количини“ такви батерии во иднина. Сепак, во американската фирма  “OnTo Technology” оптимистично гледаат на иднината.

„До 2025 година тоа сигурно ќе биде силна индустрија. Во следните три години најважно е да научите како да ја унапредите постапката на рециклажа и тие материјали да ги вратите назад во производство“, вели основачот на фрмата Стив Слуп.

Линда Гејнс смета дека прашањето е колку индустријата на батерии ќе има волја да ги искористи рециклираните материјали. Во тоа може да помогне законската регулатива. Засега само Кина и Европската унија имаат регулатива која бара произведувачите на автмобили да се погрижат за рециклажа на батериите.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин