Добивај вести на Viber
Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница едногласно го усвои предложениот став на граѓанското здружение „Аман“ за изменување и дополнување на Законот за енергетика, иницијатива која првенствено има за цел враќање на дневната евтина тарифа. Комисијата утврдила дека нормите за покренување на иницијативата за изменување на закон се испочитувани. Регуларно е собран потребниот број потписи и здружението може да почне постапка за собирање 10.000 потписи за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика да биде прифатен на дневен ред во Собранието на Република Македонија.
Здружението „Аман“ сега има обврска да поднесе петиција за собирање 10.000 потписи кои ќе бидат доставени до претседателот на Собранието за предлог-законот да се најде на расправа на Собранието на Република Македонија.