Не им оди, за три години затворија над 13.000 фирми
Објавено во: Балкан 04 Март, 2017
За три години се затворени над 13.000 фирми во Босна и Херцеговина.
Згаснати се 13.104 фирми од трговската и занаетчиска дејност во кои работеле по десетина работници.
Од нив 11.160 биле занаетчиски дуќани.
Лани со работа престанале 590 правни и 3.518 физички лица.
Во јануари се затворени 154 мали, средни и големи претпријатија.
Експертите велат дека ова е очекувано и дека никој не го почувствувал вработувањето за кое се зборувало.
Објаснуваат дека работниците се во страв и се прашуваат дали и утре ќе го имаат истото работно место или ќе ја загубат работата.