17 Декември, 2017
0.5617
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Не можат да се договорат за коалиција, а ќе прават Сојуз на албански општини

Објавено во: Анализа 09 Октомври, 2017

Предводникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села за неколку дена се појавува со контрадикторни изјави, најпрво даде поддршка за ДУИ во Кичево со кандидатот кој е актуелен градоначалник Дехари, па побара објаснување од Ахмети што ќе направи тој за него кога ќе дојде во Струга, за потоа да му порача дека воопшто нема ни потреба да доаѓа бидејќи веќе не ја очекува неговата поддршка.

Дали предвидената соработка меѓу владините партнери АА и ДУИ која нема да се материјализира во барем една многу важна општина за албанските партии значи дека Села веднаш мора да одговори со провокација најавувајќи дека ќе се формирал Сојуз на албански општини.

Што точно ќе работи Сојузот на албански општини и како истиот го замислува Зијадин Села засега нема повеќе детали што е доволно повторно ваквите изјави да бидат злоупотребени и да се искористат за националистичка кампања. Секако, кај Македонците веднаш ваквиот став алудира на сепаратизам, особено што се користат флоскули како албански јазик на целата територија. 

Да постетиме дека во екот на политичката криза огромно масло на оганот додаде формирањето на Унија на општините Тетово, Приштина, Тирана, Улцињ и Прешево што веднаш беше прогласено како обид за Голема Албанија на мала врата иако беше еден обичен договор за соработка меѓу градоначалниците. 

Барем досега кампањата за локалните избори кај албанските партии не беше поврзана со препознатливиот национализам. но ете во финишот мора да се извадат и традиционалните џокери на маса. Села исто така посочи дека Алијансата е заслужна што Талат Џафери е избран за собраниски спикер како тоа што е Албанец да е негово најголемо животно достигнување. 

Се очекува и одговор од ДУИ за ваквите тврдења, но и од останатите албански партии како БЕСА и ДПА од кои секоја има своја посебна агенда и досега ниту една не споменала Сојуз на албански општини.

Х.С.


Можеби ќе ве интересира

Игрите може да започнат, кој ќе застане на тронот во „Белата палата“?

Игрите може да започнат, кој ќе застане на тронот во „Белата палата“?

За борбата и изгубените години во криза Заев нема простор за грешки

За борбата и изгубените години во криза Заев нема простор за грешки

Трпеноски: Заев не е свртен во државата, да не заборави на домашните проблеми

Трпеноски: Заев не е свртен во државата, да не заборави на домашните проблеми

Ризаов: Ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа

Ризаов: Ако „груевизмот“ кој беше соборен се замени „заевизам“, тоа ќе биде уште поголема катастрофа

Муслиу: Енергична влада со енергичен премиер

Муслиу: Енергична влада со енергичен премиер

Заев за предизвикот на МПЦ - Таа е реалност во православниот свет

Заев за предизвикот на МПЦ - Таа е реалност во православниот свет

Се отвори ли Пандорината кутија за менување на учебниците, па и на тие по историја?

Се отвори ли Пандорината кутија за менување на учебниците, па и на тие по историја?