Не сакаат да работат затоа што социјалната помош е поголема од плата
Објавено во: Балкан 09 Март, 2017
Има семејства каде и двајцата родители работат, а земаат плати кои се помали од социјалната помош.
Ова го потврдуваат од Центарот за социјални работи во хрватскиот град Осијек.
Многу луѓе во земјата попрво одбираат да бидат социјални случаеви, отколку да работат и да го издржуваат семејството.
Семејства со повеќе деца земаат социјална помош која е повисока од плата.
Многу од нив воопшто не бараат работа, а бидејќи се со ниски квалификации би земале плата од 2620,80 куни.
Невработените родители земаат по 480 куни, а за секое дете по 320 куни.
Социјалната помош може да достигне до 4060 куни, плус уште 2030 куни од градот добиваат помош за сметки.