Не се селат само млади, туку и цели семејства
Објавено во: Балкан 23 Март, 2017
Од БиХ трајно се иселиле 80.000 луѓе.
Се селат цели семејства, а власта не прави ништо систематски да го реши овој проблем.
За овој проблем расправаат и во БиХ и предлагаат наместо да се трошат пари на непотребни работи, тие да бидат транспарентно потрошени за нешто што на народот ќе му понуди перспектива.
Освен оние 80.000 трајно иселени, околу 6.000 луѓе дополнително заминале во потрага по подобар живот.
Во Германија според статистички податоци, бројот на граѓани од БиХ се зголемил за 10.500.
БиХ веќе две децении стагнира, а шанса за успех имаат само оние кои се вработени во државно.
Сега БиХ станува земја на старци, тврдат политичарите, но и претставниците на невладиниот сектор.