19 Април, 2024
0.0248

НЕ СТЕ ЈА ДОБИЛЕ РАБОТАТА КОЈА ЈА ПОСАКУВАТЕ: Еве што треба да направите...

Објавено во: Стил 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лиз Рајан е сопственичка на компанијата „Human Workplace“, а повремено пишува за Форбс, а воедно пишува и книги. 

Таа од извесна читателка Нора  добила прашање каде греши, затоа што по 4 круга од разговор за работа и се заблагодариле и ѝ пишале дека ќе вработат друг кандидат со повеќе искуство. 

Девојката била очајна од овој неуспех и тоа ја „кочело“ при барање на работа. 

Рајан ѝ одговара дека секогаш кога одела на интервју тоа било доброволно и требала да биде свесна дека некој ќе биде исфрлен, а еден човек ќе биде вработен. 

Таа советува дека сите надежи не треба да се насочат само кон една компанија, туку треба невработените постојано да се обидуваат да пронајдат работа. 

Рајан смета дека дури и да почнете да работите во некоја компанија, опциите мора да ви бидат отворени затоа што можеби работата нема да ви одговара. 

Според неа, сите ние сме свои менаџери, дури и претприемачи, ја креираме својата кариера, и кога работиме за друг. 

На Нора ѝ пишува дека треба учтиво да се заблагодари затоа што била поканета на интервјуата и да им посака успех, а со тоа ќе остави впечаток и за неа можеби ќе има следна шанса. 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре