19 Април, 2024
0.0387

НЕ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПЛАТАТА? Еве колку би заработувале во друга држава

Објавено во: Економија 07 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Дека Македонија има најниска просечна плата споредено со другите земји во регионот е добро познат факт, а поради тоа голем број доброобразовани и стручни кадри од сите професии си ја бараат среќата од другата страна на границата. Анализата на висината платите по занимања на словачкиот портал за вработување „Професиа“ дава прецизна слика за тоа колку еден вработен во Македонија заработува помалку пари во споредба со вработен со исти квалификации во балканските земји (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина), централна Европа (Словачка, Чешка, Унгарија, Полска), балтичките држави (Естонија, Латвија и Литванија) и во Финска.

За потребите на овој текст избравме неколку професии, а профилот на вработениот е маж со високо обрзазование, со 6- 10 години работно искуство, без дополнителни финансиски и нефинансиски бенефиции покрај редовната плата (учество во добивка, К- 15, бонуси, обуки, паркинг место, додатоци за исхрана, службено возило...), не е на раководна позиција и не е одговорен за буџетот во фирмата. Податоците за македонските плати се земени од Државниот завод за статистика, додека за другите земји се добиени како просек од изјавите на анкетираните во анализата на порталот и во некои случаи се дадени во бруто износ.

Така, нето просечната плата на професор во средно училиште во Македонија во декември 2017 година изнесува 22.506 денари, а неговиот колега во Естонија има нето- плата од 55.449 денари, а во Словачка дури 101.096 денари бруто плата, значи со вклучени даноци и придонеси за здравствено и социјално осигурување. Ѕидар во земјава заработува чисти 23.178 денари, а во Хрватска 33.759 денари. Бруто- платата на истиот работник во Чешка е 51.314 денари, а во Словачка 51.467 денари. Вработен во производство на метали во Македонија месечно зема нето 20.752 денари, додека во Хрватска 35.656 денари, во Латвија 34.801 денари, а во Литванија 38.171 денари. Македонски библиотекар има нето- плата од 20.567 денари, додека работата со книги во Хрватска носи нето- плата од 44.011 денари, во Естонија 38.661 денар, а во Чешка 43.116 денари бруто.

Најдрастична разлика има кај платите на докторите. Просечната нето- докторска плата во земјава изнесува 27.246 денари, додека бруто платата во Чешка е 100.257 денари, во Финска 382.815 денари, а во Словачка 96.668. Слично е и со платите на медицинските сестри. Бруто платата во земјава е 25.000 денари, а во Чешка 53.362 денари, во Словачка 47.239 денари, а во Финска дури 153.359 денари.

ИТ секторот е единствен во кој имаме плати на исто ниво како и во земјите од анализата. Компјутерски програмер во Македонија има просечна нето- плата од 64.180 денари. Според анализата на „Професиа“, ИТ систем администратор во Хрватска месечно заработува 55.306 денари, во Унгарија 64.232 денари, а во Литванија 63.721 денар.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен