26 Април, 2024
0.0287

НЕ ВИ СЕ ВЕРУВА, АМА ВИСТИНА Е: Компанија плаќа за да патувате низ светот и да престојувате во луксузни домови

Објавено во: Стил 06 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ако сакате да патувате до убави дестинации и да престојувате во домови за милиони долари и ова ви звучи како атрактивна опција, предлогот на ThirdHome е за вас. 

Компанијата, која организира размени на луксузни куќи, сака да вработи човек за посебна позиција.

Службеникот ќе треба да патува, да пишува рецензии и да дава проценки на домови и да раскажува за искуството преку слики и видео во социјалните мрежи.

За да аплицирате, треба да зачувате едноминутно видео, во кое ќе објасните зошто сте погодни за работата. Платата е 10 000 долари месечно. Од компанијата ги преземат патните трошоци. Имате можност дури да понесете со себе пријател, но тој ќе мора сам да ги покрива трошоците.

Од ThirdHome го нарекуваат тоа „најдобрата работа на планетата“ и не можеме да не се согласиме. 

А вие?

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти