20 Април, 2024
0.0259

Недела на празнични донации на ЕВН Македонија

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија традиционално на крајот на годината ја реализира неделата на празнични донации. Денеска беа доделени пакети со храна за народната кујна на македонската православна црква и над 150 пакети со прехранбени производи за социјално загрозените семејства од православна и исламска вероисповед.

„Во текот на целата година преку разни проекти ЕВН Македонија им помага на ранливите категории граѓани, но овие донации се симболична порака дека и кога им е потребна помош и кога треба да се прослави ние сме со нив“, рече портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски. „Се надеваме дека овие продукти ќе ја надополнат нивната празнична трпеза“, додаде Ковачевски. 

„Во народната кујна во црквата „Св. Петар и Павле” во населбата Ѓорче Петров топол оброк земаат 150 лица. За нив оваа донација е добредојдена“, вели Отец Ивица Тодоров, парохиски свештеник за ЦО „Св. Апостоли Петар и Павле“. „Пакетите со прехранбени производи ќе ги однесеме кај социјално загрозените семејства кои немаат можност да ја посетат кујната“ додаде Отец Тодоров.

Претседателот на хуманитарната организација Хилал при Исламската верска заедница г. Мустафа Даути се заблагодари на донацијата. Тој посочи дека традицијата на делење на празнични донации заедно со ЕВН им значи многу на ранливите семејства. „Посакувам нашето партнерство да продолжи и натаму, но да имаме се помалку семејства кои ќе имаат потреба од донации“.   

До крајот на неделата ЕВН Македонија заедно со Црвениот Крст на Македонија ќе организира заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“. Представа и новогодишни пакетчиња се подготвени за над 300 деца од ранливите категории во повеќе градови од земјава.

Празничната недела ќе заврши со учеството на ЕВН во манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“ каде корисниците кои ќе победат на конкурсот за најубаво украсен двор, куќа, тераса и угостителски објект ќе бидат наградени со еднократно ослободување од плаќање на декемвриската сметка за електрична енергија.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга