29 Март, 2024
0.0248

Фото: „Недопрен Тибет“ – најпродаван свеж воздух во Кина

Објавено во: Стил 01 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Да и од најлошото загадување на воздухот во Кина може да се направи бизнис. Еден од најбогатите луѓе во оваа земја , ја користи ситуацијата со загадувањето на воздухот, па се решил да собира чист воздух во конзерви и да го продава. Чен Гуангбиао за конзерва воздух наплаќал по 0,80 долари. Конзервираниот воздух наводно може да се купи во различни вкусови кои се наречени со необични имиња, како што се „Недопрен Тибет“ или „ Постиндустриски Тајван“. Купувачот, воздухот од конзерви може да го испие или да го инхалира. Чен вели дека сакал да покаже дека воздухот е толку многу загаден што идејата за конзервираниот свеж воздух и не е неостварлива. Чен за својот изум зборуваше уште минатата година, фалејќи се дека е корисен за здравјето и дека го продолжува животот. Според пишувањето на „Хафингтон Пост“, кинескиот милионер конзервираниот воздух почнал да го продава уште во септември 2012 година, а во последно време работата му оди многу добро, затоа што Кина бележи рекордна загаденост. Загадувањето на воздухот е 40 пати поголемо од нормалното, а жителите на Пекинг се предупредени да не излегуваат од затворените простории.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи