28 Јули, 2017
0.0980

Недостигаат кадри: Оваа земја бара 140.000 работници-шанса за вас

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2017

Чешката влада проценува дека на економијата и недостигаат околу 140 000 работници кои фирмите се принудени да ги бараат во странство, најчесто преку посреднички агенции, пред се во Украина, но и Балканот, во Романија, Бугарија, Србија...

Стапката на невработеност во Чешка се намалила во текот на јуни од 4,1 на четири отсто, на едно работно место му доаѓаат во просек 1,6 кандидати.

Тоа е најмалата стапка на невработеност во последните 19 години, соопшти денес Националното биро за труд.

Во однос на истиот период лани невработеноста била намалена за 1,2 отсто и Чешка во тој показател веќе во мај била најдобра во цела Европска унија.

Бирото на труд во Чешка нудело во крајот на јуни 183.000 слободни работни места, што е за 49 561 повеќе отколку во јуни 2016 година, а на едно слободно работно место доаѓаат сега 1,6 невработени.

И понатаму се присутни регионалните разлики, кога во Прага невработеноста паднала на 1,2 отсто, додека на северот од Чешка во некои градови достигнува десет отсто, а од регионот најголема невработеност има во регионот Усти над Лабо, исто така на север, каде стапката на невработеност достигнува 6,4 отсто.

„На пазарот на труд влијае пред се економскиот раст и раст на индустриското производство и сезонски работи кои се во полн ек“, наведува Бирото за работа во соопштението.

Чешките компании во последните месеци се жалат дека не можат да најдат нови работници и дека им се заканува да ги изгубат странските нарачки бидејќи едноставно ако не вработат дополнителни луѓе нема да можат да произведат се за договорените бизниси.

На социјалните мрежи наидовме на неколку фабрики кои што имаат потреба од работници во Чешка Република во околината на град Пилзен (100км од Прага). 

Еве што пишува во огласот:

- MD ELEKTRONIK - MAHLE -ZF германски претпријатија - Платите варираат од 800 до 1200 евра зависно од фондот на изработени часови - На огласот можат да се пријавуваат сите кои што се заинтересирани и имаат БУГАРСКИ ПАСОШ или друг ЕУ пасош. - Познавањето на чешки јазик не е потребно, сите фирми имаат преведувачи од бугарски на чешки. - Сите договори се на пензиско и здраствено осигурување. - Сместувањето е бесплатно во домови со двајца или тројца во соба има и други алтернативи. - Бесплатен е превозот од дома до работа и обратно, a обезбеден од страна на фирмите. - На огласот може да се пријавуваат мажи и жени од 18 до 60 години кои што се работноспособни. За подетални информации и пријавување, контакт: Бојан 071481507 Viber i whatsapp Jавување од 12 до 18 часот.

Можеби ќе ве интересира

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Успешни претприемачи кои бизнис почнале после 35 години

НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА: Успешни претприемачи кои бизнис почнале после 35 години

Во една реченица рекол се: Инвестира во стартапи и има совет за сите кои сонуваат за својот бизнис

Во една реченица рекол се: Инвестира во стартапи и има совет за сите кои сонуваат за својот бизнис

Чесите молат, им требаат работници

Чесите молат, им требаат работници

Што се содржи договорот со Бугарија?

Што се содржи договорот со Бугарија?

ТРИЈАТ РАЦЕ: Во овој град платите имаат висок скок

ТРИЈАТ РАЦЕ: Во овој град платите имаат висок скок

ШАНСА ЗА РАБОТА: Ќе бараат над 637.000 пилоти

ШАНСА ЗА РАБОТА: Ќе бараат над 637.000 пилоти

Најпродуктивни економии во светот: Овие нации прават најмногу пари за најкратко време

Најпродуктивни економии во светот: Овие нации прават најмногу пари за најкратко време

Милионер дава десет совети за богатство

Милионер дава десет совети за богатство

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра

ПРЕТПРИЕМАЧ РАСКАЖУВА: За бизнис е потребна просторија, компјутер и неколку стотини евра