НЕГАТИВНА СТАПКА НА ВРАБОТУВАЊЕ: Кои држави го имаат овој проблем?
Објавено во: Финансии 14 Септември, 2017
Најновите податоци покажуваат дека во Европа најголем пад на вработените има Хрватска.
За 0.8% опаднал бројот на вработени во Хрватска во вториот квартал во однос на првиот квартал и тоа е најлош резултат во Европа.
Во однос на истиот период лани, падот е за 1.6%.
Друштво на Хрватска со негативна стапка на вработување и прават Романија, Естонија и Летонија.
Од друга страна најголем раст имаат Малта за 1%, Шпанија за 0.9%, Грција и Полска за 0.8%.
На ниво на ЕУ меѓукварталниот раст на вработувањето е 0.4%.