29 Март, 2024
0.3030

Неисправен оџак или инсталација можни причини за пожарот во Трескавец

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Истрагата за причините за пожарот  во кој во понеделникот изгореа конаците на манастирот Трескавец продолжува. Според истражниот судија Весна Пајмакоска, пожарот избувнал во просторијата од конаците што се наоѓала веднаш до камбанаријата.

Таа додаде дека за тоа се пронајдени докази и оти се можни две причини за пожарот – инсталацијата или неисправен оџак.

- Викендот имало посетители. Огнот во еден вид отворен камин бил изгаснат, но можно е да тлееле жарчиња. Оџакот не бил направен по прописи уште 1990 година кога била адаптацијата по тогашниот катастрофален пожар. Освен тоа, таа била единствената просторија која имала обложување од ламперија и лесно било да избувне пожар. Најдени се саѓи, дел од ламперијата. Сепак, ова е неофицијално и првично. Треба да заврши истрагата за конкретно да се утврдат причините, изјави Пајмакоска.

Истакнува дека се земени искази од искушеникот Калист и швајцарскиот турист кои тогаш биле единствени присутни во манастирот.

Пајмакоска појасни дека нема елаборат за заштита од пожари кога се обновувале конаците од 1990, ниту се применети мерки за заштита од пожари.

Пожарот во манастирот Трескавец избувна во понеделникот околу 14 часот. Искушеникот Калист и гостинот се обиделе да го изгаснат, но кога сфатиле дека не можат сами, случајот го пријавиле.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија