23 Април, 2024
0.0257

Некогаш треба да се протресе стеблото на пријателството за да паднат скапаните плодови

Објавено во: Стил 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Некогаш треба да се протресе стеблото на пријателството за да паднат скапаните плодови...

Протреси го да видиш како ништо не е онака како што изгледа. Можат некои плодови да ти изгледаат толку цврсти на него, а кај едно најмало тресење ќе паднат на земја. Некогаш животот сам ги прави тие тестирања, а се викаат потреси. Се затресе земјата под тебе и за момент откриеш кои се луѓето покрај тебе кои тука едвај стојат, и при првата прилика веќе не му припаѓаат на твоето стебло.

Некогаш треба да се протресе стеблото на пријателството за да паднат скапаните плодови. Си им давал храна и на твојот корен растеле и поради тоа станале дел од тебе. Толку длабоко ги чуствуваш и сметаш дел од својот живот. Но нивната нутрина не е веќе како кај останатите. Затоа е потребно работите да се изнесат на виделина и да сфатите дека сегашноста е време кое ќе ја открие вистината, и ќе покаже дека иднината не е продолжение на твоето минато.

Некогаш треба да се протресе стеблото на пријателството за да паднат скапаните плодови.  Понекогаш човек се занесе во сознанието дека сите кои се тука во неговиот живот-се наоѓаат во целост и со искрена намера, а всушност вистината е целосно спротивна. Тука се бидејќи моментално не можат да бидат таму каде би сакале, а какви се нивните намери тоа никој не знае, па ни тие самите, додека не дојдат во ситуација во која треба да одлучат што им се приоритети и што сакаат од својот и твојот живот.

Некогаш треба да се протресе стеблото на пријателството за да паднат скапаните плодови. Тогаш ќе знаете на што сте. Ќе знаете колку вистински пријатели имате, а колкумина се оние кои едвај чекаат да го напуштат вашиот брод. Ќе знаете на кој може да сметате во тешки моменти. Се ќе знаете само на вас е да одлучите дали сакате да се соочите со вистината или ќе останете во заблуда и ќе верувате дека се е убаво и прекрасно, но вистината единствено ослободува.

Поучна приказна

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган