20 Април, 2024
0.0321

Неколку партии одбија коалиција со Груевски: Молк од ДУИ и СДСМ

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Откако стана јасно дека Никола Груевски прв ќе се обиде да состави нова Влада, дел од партиите кои добија мандати на изборите од 11 декември се изјаснија со став дека нема да соработуваат со Груевски.

Алијансата за Албанците и Беса се првите партии кои му вртат грб на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека нема да одговараат на ниту една покана од Никола Груевски за каква било комбинација за формирањето на новата влада.

„Уште од старт не можеме да зборуваме за исполнување на какви било услови затоа што ние јасно истакнавме дека во идната влада не треба да не бидат опфатени лица кои што се предмет на истрага на СЈО, каде што по се изгледа Груевски е клучниот човек“, изјавил Зекирија Ибраими потпретседател на Беса за РСЕ.

Алијансата за Албанците нема да учествува во составувањето на новата влада ако мандатор е Никола Груевски, осомничено лице од СЈО, категоричен е Зулфи Адили од Унитети, партија која е дел од Алијансата за Албанците во изјава за „Фокус“ по веста дека Иванов денеска ќе му го додели мандатот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Од ДПА велат дека ги изненадила одлуката да му се даде мандат на Груевски повикувајќи се на Уставот во кој се наведува дека мандатот се доделува на тој што успеал да обезбеди 61 пратеник односно мнозинство.

Засега по доделениот мандат молчат од ДУИ долгогодишниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

Со став се уште не излзе ниту опозицијата, откаде се очекува да не прифатат состав на влада заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра