29 Март, 2024
0.0247

НЕКОНЗИСТЕНТНА МАКЕДОНСКА АГРАРНА ПОЛИТИКА

Објавено во: Агробизнис, Колумни 08 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Аграрната политика претставува регулирање на економските односи во земјоделството од страна на државата, бидејќи се покажа (во пракса) дека и во земјите со највисоко развиената пазарна економија не е можно економските процеси да се одвиваат спонтано односно со слободна игра на пазарот. Од друга страна, аграрната политика на ЕУ се покажа доста успешна, бидејќи успеа да го стимулира и поддржува производството на храна и да обезбеди за релативно кус период од голем увозник на храна да стане еден од главните “ играчи” на светскиот пазар.

Покрај донесувањето на соодветни закони, акти, уредби, прописи и сл. во аграрната политика најважна е финансиската поддршка на земјоделството која ќе придонесува не само за развој на земјоделското производство, и производство на безбедна храна, туку и поддршка на доходот на земјоделците за изедначување  на нивниот стандард со стандардот на останатите  жители на државата.

По осамојостувањето на Македонија, државата започна со градење на сопствена аграрна политика, која се разликуваше  од аграрната политика на бившата заедничка држава. Се разбира најнапред се донесоа потребните акти со кое се регулираат најважните  аспекти   на аграрната политика. Со прифаќање  на  определбите  на државата да се приклучи кон ЕУ, започна усогласување на актите со тие на ЕУ. За финансиската поддршка на земјоделството се формира и Агенцијата која самостојно располага и ги расподелува  финансиските средства како од национален карактер, така и средствата што ги добива Агенцијата од ЕУ и од други извори.

Во почетокот во македонската аграрна политика се направени сериозни грешки на сметка на земјоделството. Првата е што се немаше слух за барањата на бизнисот и земјоделците, прехрамбената и тутунска  индустрија да се обединат со примарното земјоделството во единствена институција. Втората грешка е уште попогубна за земјоделците, бидејќи со одредби од законот за земјоделство и рурален  развој земјоделците ги кредитираат откупувачите шест месеци со 80% од вредноста на нивното продадено производство. Тоа претставува дискриминација на стотина илјади примарни производители, иако по Уставот сите субјекти на пазарот се еднакви.  

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја прифати политиката за расподела на средствата по моделот на ЕУ, кај која средствата за директна финансиска поддршка се делат на земјоделците по единица капацитет, (ха, грло добиток) се соодветен асортиман заради стимулирање на опфат сите земјишни и добиточни капацитети да се ангажираат во производство. Идејата да се применува поддршка и по единица  производство се покажа  неоправдана, бидејќи  анкетите  на земјоделците покажаа дека кај откупот, откупувачите  ја намалуваат откупната цена за износот кој земјоделецот го добил по единица производство. Расподел на средствата за финансиска поддршка на земјоделството се врши на  врз основа на годишна Програма и Уредба кои се донесуваат секоја година. Се додека не се зголемија средствата за директна поддршка (2010 год), програмите се правеа согласно прифатени од систем усогласен со ЕУ, односно поддршка по ха и грло добиток, а тоа е систем кој повеќе години ја докажа својата предност, а го користеа сите земји членки на ЕУ. (И денес во ЕУ се применува поддршка по површина, без  оглед на асориманот на производството).

Со зголемувањето на средствата  (по 2010 год.) за финансиска поддршка на земјоделството, почна постепено воведување на два система за поддршка на земјоделството. Имено, покрај по површина на земјоделците им се ветуваат и дополнителни средства по единица производ под одредени услови, односно најчесто ако го продадат призводството на регистрирани откупувачи. Покрај нарушувањето на слободниот пазар земјоделците се изложени на намалување на откупната цена за износот што државата им го дава по единица производ, но и на проблем да обезбедат доказ за предаденото производство.

Втората  деформација на системот за директна поддршка на земјоделството се направи со воведување на дополнителни плаќања, па системот на директни плаќања  го комплицира до таа мера да станува  неразбирливо.  Зошто поддршката по единица капацитет да не  се прикажува за секоја култура со вкупниот износ и условите кои треба да се исполнат – (големина на застапена  култура и др). Во списокот од  Уредбата на поддржувани култури се и такви кои кај нас веќе не се одгледуваат како што се памук, шеќерна репа, култури кои ги произведуваат минимален број производители чие производство не е од никаква важност за нацоналната економија  како што се: тритикале, сирак, хмељ, леќа и др. Ограничениот простор  не дава можност за набројување на сите воведени несоодветни и непотребни мерки за производство и активности. Но затоа е потребна сериозна ревизија заедно со анализа -  како таков систем на поддршка се одразил на резултатите во земјоделското производството. Како е мошно  воведување на дополнителни директни плаќања за стимулирање производителите ако го сменат асортиманот, односно ги да се заменат житните култури со градинарски култури. Во услови кога за увоз на жито  Македонија годишно издвојува 80-100 милиони долари, а дел од градинарските  култури  често остануваат  необрани.  

Да истакнеме уште еден сегмент од дополнителната поддршка кај едногодишните култури со која дополнително се стимулира  производството на ориз, кој не може да се продаде, бидејќи не се вклопува во цената на пазарот.  Неговото призводство треба да се сведе на количини за  задоволување на домашната потрошувачка. Во подрачјето на производство на ориз има одлични услови па со  10-15 пати помали количини на вода да се произведуваат високо интензивни  култури за  ефтина добиточна храна, а за одгледување на гојни говеда за производство на дефицитарното говедско месо на домашниот пазар.

По продлабочени  анализи на досегашната  македонска аграрна политика, особено во светлината на потрошените пари за директна поддршка, ќе се покаже дека македонскиот агрокомплекс не се развил соодветно, туку повеќе е во стагнација. 

Доволна е илустрацијата со извозни и увозни показатели на храна, имено извозот во 2016 година е помал од оној во 2015 година за 50 милиони УСА долари, односно намален за 12,7%, додека увозот е зголемен за 1,37 милиони долари. Постигнатите просечни вредности на извезената храна покажуваат релативно ниска цена по тон од 815 УСА долари, наспроти  цената на увезената храна од 1164 УСА долари по тон.  Значи по дваесетгодишно градење на аграрна политика и натаму извезуваме суровини, а увезуваме високо финални  земјоделски производи.

Проф Д-р  Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи